Ќе се реконструира инфраструктурата во Старо Нагоричане

Ќе се подобрува патната инфраструктура во општина Старо Нагоричане. До крајот на годинава,  надлежните најавуваат четири капитални проекти со чија реализација ќе се подобри животот во руралната средина, а преку Агенцијата за државни патишта ќе се реконструира и патот во должина од 19 километри што ја поврзува општината со Република Србија.

– Патот Арбанашко -Дејлов преслап во должина од три километри со средства од Агенцијата за финансиска поддршка и патот за село Цвиланце во должина од 1700 метри, само што  тука општината треба да обезбдеи средства да го плати ддв –то кое е во вредност од околу 80 илјади евра.  До 31 јуни годинава ќе ги завршиме патните правци  со помош на централната власт. Исто така , преку министерствто за финансиси и Светска банка имаме два патни правци кои треба да се реализираат во текот на 2018-та година, во маалото  Карабичанци и Пелинце- Враготурце, два  патни правци во должина од по 1200 метри, изјави  Жаклина Јовановска, градоначалник на општина Старо Нагоричане

Покрај патните правци,  со европски пари ќе се реновира и поранешниот Задружен дом во селото Младо Нагоричане. Грантот за реконструкција и преадаптација на овој објект општината Старо Нагоричане го доби како резултат на одличната меѓугранична соработка со бугарската општина Рила.

За реконструкцијата на овој речиси руиниран објект во Младо Нагоричане од вкупните одобрени средства во износ од половина милион евра преку меѓуграничната  соработка ќе бидат искористени 275.000 евра, а останатата сума е наменета за обнова во општина Рила.

– Имаме еден прекуграничен проект во соработка со општина Рила кој требало да биде завршен до први септември . Сега го продолжуваме проектот .Тоа ќе биде туристичко- информативен центар кој е дел од проектот„ Изградба на мост на пријателство и спој на заедничко наследство“  со општина Рила, а се надевам дека со општина Рила и оваа година ќе продолжиме со соработката ќе аплицираме за некој проект, изјави Јовановска .

Според проценката од јуни 2014-та година во општина Старо Нагоричане  живеат 4.840 жители, од  кои околу 20  проценти од населението се од српска националност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)