(ВИДЕО) Ќе се реконструира ОУ „Христијан Карпош“

Основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо ќе биде целосно реконструирано. Во рамки на проект од Министерството за образование и наука, ќе се заменат дотраените прозорци, подови, санитарни јазли, кровна конструкција.

-Во истиот проект преку МОН со поддршка на општината програмата 145 училишни спортски сали добиена е и фасада која ќе се реализира шест месеци по оваа генерална реконструкција. Очекуваме градежните работи да започнат некаде околу 16-ти јуни, добар период кога учениците не се во просториите во училиштето-истакна директорката Лидија Костиќ.

Од ова училиште нагласуваат дека 2021-ва ќе биде година на проекти. Завршуваат седум еразмус проекти, а добиле и два нови. Во рамки на проектот редовно на часови, обезбедиле дидактички материјали и смарт табла.

-Имаме реализирани активности со деца од македонска и ромска националност, низа работилници. Го добивме и проектот Биди ин, биди инклудиран, биди инклузивен, каде што ќе градиме еден тоалет за деца со посебни потреби. Прво училиште во Македонија започнавме пилот проект основно образование за возрасни, за кое очекуваме дека ќе добиеме како училиште верификација, акредитација за да можеме да реализираме настава за возрасни-дополни Косиќ.

Проектот се реализира во соработка со МОН, а  е финансиран од УНДП.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)