Ќе се реконструира поранешниот хотел Солун

До крајот на месецов ќе започне реконструкцијата на поранешен хотел Солун, лоциран на улицата „Иво Лола Рибар“ во централното градско подрачје. Проектот за конзервација на објектот  финансиски е поддржан од ЕУ, по Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, што се имплементира во соработка со Општина Дупница.

-Ние се надеваме дека до крајот на месец октомври ќе почне реконструкцијата на хотел Солун.  Планирано  е за шест месеци да биде вратен во првобитната положба т.е според проектната документација.  Тоа се зависи од тендерската постапка, предвидени се околу 180.000 евра за целиот проект. Планираме да биде голема намената на објектот, планираме внатре да ги сместиме истите организации кои што претходно го користеле, а горниот простор да го дадеме за некои невладини организации или ќе биде како туристистички водич на град Куманово. После завршување на проектот тоа ќе се одлучи со одлука на Совет. Ќе се задржи автентичкиот лик, затоа и толку многу време чекавме за проектната документација, треба таа лиценца и Конзерваторскиот центар и низа други работи, изјави Александар Крстевски, Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции

Проектот опфаќа конзервација, реставрација, санација и адаптација на поранешниот хотел „Солун“, опремување со мебел и опрема, конзервација на зградата на Стариот округ хол во Дупница и изградба на дополнителни простории, спроведување на студија за современи маркетинг практики за популаризација на стариот урбанистички начин на живот и наследство.

Бенефитот од реализацијата на овој проект, велат од општината, е повеќекратен и вклучува подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување наприродно и културно наследство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)