Ќе се реосветува црквата „ Свети Ѓорѓи“

Ќе се реосветува цркавата „Свети Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане. Овој свет чин ќе се одржи на 18-ти септември( недела ) со почеток во 8 часот и 30 минути. Осветувањето ќе го изврши Митрополитот кумановско-осоговски Јосиф. Надлежните ги повикуваат граѓаните масовно да присуствуваат на реосветувањето на црквата посветена на Свети Ѓорѓи, чија посебност и убавина, како во однос на архитектурата, така и во однос на сликарството, односно фрескописот, претставува еден од бисерите на христијанските творби на овие простори.

-Возљубени браќа и сестри во Христа, по повод реосветување на црквата „Свети Ѓорѓи“  во селото  Старо Нагоричане ги повикуваме сите луѓе кои сакаат да бидат дел од овој свет чин на нашата света Македонска православна црква . Реосветувањето ќе го изврши нашиот надлежен архиереј Митрополит кумановско осоговски Јосиф во сослужение со други митрополити и чесното свештенство од нашата епархија. Осветувањето ќе се одржи на 18 септември 2016 година (недела).  Во 08 часот наутро ќе биде пречек на митрополитите, а во 08,30 ќе биде светата божествена литургија. По завршувањето на овој свет чин ќе пристапиме кон осветувањето на крстилницата која се наоѓа во црковната куќа до самата црква , а потоа ќе одиме и до испосницата каде што светиот Прохор Пчински се подвизувал 32 години исто и таа да ја осветиме, изјави Дејан Зец, ѓакон

Последниве пет месеци откако ѓаконот Дејан Зец служи во цркавата, интензивно се работи на уредување на црковните предмети кои што се неопходни за сослужение на свештените лица, а се уредува црковната куќа која се наоѓа во непосредна близина на „Свети Ѓорѓи“. Во оваа црковна куќа за првпат после повеќе децении направена е крстилница, што значи дека може да започне и крштевањето на децата во оваа просторија со веќе направен фрескопис.  Во куќата целосно е опремена и канцеларија за свештените лица, но просторија за прием на гости. Што се однесува до испосницата на свети Прохор Пчински , реновирана е од темел, а деновиве ќе добие и кована ограда со железна порта.

Инаку, првата црква „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1.071 година од византискиот цар Роман 4 Диоген во чест на свети Прохор Пчински ,но од некои необјаснети причини црквата била урната . На истите темели српскиот крал Милутин повторно ја изградил во 1.313 година . Интересен податок е тоа што внатре во црквата се наоѓа и гробот на бугарскиот цар Шишман , кој животот го загубил во 1.330 година во битката меѓу Бугарија и Србија. Неговото тело е закопано во црквата во Старо Нагоричане  по наредба на српскиот цар Душан.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)