Ќе се санира мостот во населбата Карпош

Општина Куманово ќе го санира оштетениот мост на улицата 100, во населбата Карпош. Истиот со години претставуваше опасност за стотиците ученици кои секојдневно поминуваа по него, но и за останатите мештани на населбата. На мостот нема патека за пешаци, дел од оградата е урнат, а покрај него има неколку големи бездни, кои водат директно во одводниот канал. Изминативе неколку дена интензивно се работеше на чистење на  коритото и проширување на теренот.

-Нашата агенда е на секој дел од градот, без оглед на етничкиот состав имаме некоја паралела во самата програма и продолжуваме во таа насока. Сакам да најавам дека деновиве во населбата Карпош почна исто така изградба на еден голем капитален објект, мостот на протокот на самата атмосферска вода на улица 100. Еден поголем проект кој е проблем и на училиштето со тротоарска инфраструктура, реконструкција на патна инфраструткура 9 милиони денари е проектот така што паралелено одиме со други проекти кои се од витално значање за граѓаните на Куманово-истакна градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Мештаните раскажуваат дека досега поради небезбедниот мост, но и неприлагодената брзина на возачите, биле принудени децата постојано да ги носат на училиште. Додаваат дека зимно време тоа морале да го прават со автомобил бидејќи тука се слевало голема количина на вода.

mostmost

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)