Ќе се селектира отпадот во Куманово

Во Куманово наскоро ќе започне селекција на отпад, кој потоа ќе може да се користи како секундарна суровина. За оваа цел денеска локалната самоуправа потпиша договор со приватната компанија Пако Мак и јавното претпријатие Чистота и Зеленило. Во подготвителната фаза од проектот е планирано поставување на 40-ина контејнери за селекција на цврст отпад, односно пластика, хартија и дрво.

-Целта на овој договор е првин да се намалат количините на отпад, со селекција на отпад добиваме и на заштита на животна средина, бидејќи на тој начин ги враќаме суровините во употреба а се намалува габаритот на отпадот и на тој начин ја заштитуваме  средината. Апелирам до граѓаните садовите кои ќе бидат поставени да бидат чувани, а не да се уништуваат, бидејќи нашиот однос кон комуналната опрема е познат и мислам дека е крајно време да се однесуваме поцивилизирано кон јавниот интерес, општото добро-изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Паралелно со поставување на контејнерите, надлежните ќе работат и на кампања за подигање на свеста на граѓаните за селекција на отпадот.

-Почнуваме денеска и со основните училишта каде во нашиот еко автобус низ кој досега поминаа околу 35.000 основци од прво до петто одделение ќе се запознаа со бенефитите од рециклирањата на еден интересен начин како училиштен час и веруваме дека почнувајќи од најмалите па со поголемите, со тек на време Куманово ќе стане еколошки град во кој навистина граѓаните ќе се грижат за животната средина и нема да ги оштетуваат контејнерите кои ќе ги поставивме-истакна Филип  Ивановски, управител на Пако мак.

Оперативните работи на терен, односно поставувањето на контејнерите и депонирањето на сметот ќе биде обврска на претпријатието Чистота и Зеленило.

-Сведоци сме на секојдневна борба со отпад каде што Куманово како најголема општина собира најголем дел од отпад. Олеснување во дел на оперативните задачи на ЈП Чистота и Зеленило со тоа што сите оние работи кои беа проблем, недостаток на контејнери, имаме нови 60 конејтенери во централно градско подрачје и во договор со општината и Пако мак, со примарна селекција на отпадот мислам дека ќе одиме во неколку фази-изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП Чистота и Зеленило.

Инаку во општина Куманово годишно генерира околу 50.000 тони отпад, од кои до 20 проценти е амбалажен смет.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)