Ќе се чистат кумановските речни корита

Деновиве ќе започне акција за чистење на речните корита на Кумановка, Липковка, Којнарка и дел од Крива Река, соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски. Акцијата следи по одлука на општинскиот кризен штаб, навремено да се спречи опасност од можни поплави, а за оваа намена ќе се одвојат осум милиони и осумсто илјади денари.

-Скоро три километри ќе биде регулирано чистење, сечење на грмушки, и отклонување на можни опасности од изливање на реките сливни и Кумановка во речното корито. Оваа година успеавме да се спасиме од изливање на реката, но тоа не е гаранција дека во овој период ако не настапиме онака како што прилега на одговорно водење на локалната самоуправа-наведе тој.

Дамјановски се надева дека во содејство со јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, со сечење на грмушки и диви израснати стебла ќе успеат да го ослободат речното корито, за да може да ја прими водата во кризните сотојби, кога се очекуваат големи врнежи.

-Ја користам оваа прилика да апелирам до граѓаните да не фрлаат во река габаритни отпади, бидејќи во тек на чистење наоѓаме машини, каучи и разни отпади кои не прилегаат да бидат фрлени во речното корито-додаде градоначалникот.

Во акцијата е вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување која обезбеди 12 тони нафта.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)