Месното население од Пчиња, заедно со граѓански здруженија и јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ ќе го чисти сметот кој се наоѓа во близина на депонијата „Краста“. Депонијата иако е оградена со жица, несовесни граѓани ја уништуваат и оставаат смет.
Акцијата како што информираат од претпријатието е планирано да почне од улицата „Народна Револуција“ сè до селото Пчиња.
Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња претходниве децении беше причина за негодување на мештаните на Пчиња кои произведуваат раноградинарски производи. Преку проект, предвидено е да стане претоварна станица од каде ќе се изнесува сметот до најавената регионална депонија.