Џамаларите ја прославија Василица во Орашац

Во село Орашац традиционално неколкумина џамалари го одбележаа празникот Василица. Според народните верувања, џамаларите маскирани ги истеруваат духовите од селото. Тие ги посетуваа домовите, а домаќинките ги даруваа со топла ракија и храна.

-35 години оваа традиција не е згасната во Орашац, џамалари ја негуваат старата традиција. Во Орашац се станува рано наутро се собираме на едно место, се определуваат ликови, има програма, се подготовуваме. Не нагостуваат одиме од куќа на куќа откако ќе ги собереме овие подароци си купуваме нешто за спомен, а остатокот од парите го поклонуваме на црквата, месната заедница или организираме вечерва и си даваме збор дека идната година повторно ќе продолжиме-посочи Крсто Милошевски, организатор.

Жителите на селото се среќни што традицијата се одржува но и што има интерес од помладите да се вклучат во маскенбалот.

-Мислевме дека нема да се изведе ќе прекине традицијата но ете оваа година за прв пат имаме осум нови џамалари и ме радува што има уште луѓе во Орашац. Кој не следи да не заборави идната година да ни биде гост-дополни Милошевски.

Џамаларите од Орашац традиционално учествуваат и на карневалите што се одржуваат на ниво на државата. Тие вчера присуствуваа на маскенбалот во Вевчани а денеска ќе учествуваат на манифестацијата којашто се одржува во село Пчиња.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)