Џеладини: Сите да придонесеме за македонската иднина

Граѓаните одлучуваат. Граѓанска должност е да се учествува во градењето на македонската иднина, преку гласање на референдумот, порача на денешната прес конференција советничката Хана Џеладини.

-Без нашиот глас на референдум, МАкедонија немаше да биде самостојна, независна и суверена држава. Без нашиот глас на референдум, Македонија нема да стане дел од ЕУ и од НАТО. Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето. Референдумот ќе биде клучниот момент за нашата држава, ден кога ќе одлучиме-нагласи таа.

Џеладини ги повика граѓаните да излезат на 30-ти септември да гласаат и да покажат дека можат да ја обезбедат својата иднина, знаат да се изборат за подобро утре.  Воедно нагласи дека утре ќе се одржи марш во Скопје. Маршот ќе започне пред зградата на Црвениот крс во 13 и 30 часот а ќе заврши пред зграда на Европската унија.

 

Коментари

коментар(и)