АДКОМ бара помош од Владата поради високите сметки за струја

Јавните комунални претпријатија на општините низ земјава не ќе можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да го собираат сметот  ако Владата не им помогне, кажаа на денешната прес-конференција од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), објави СДК.MK.

Тие велат дека дека поради енергетската криза се во многу лоша состојба, а сметките за струја им се повисоки од месечните приходи, па затоа не само што немаат пари за други трошоци, туку не можат ниту струјата да ја платат.

Од АДКОМ бараат Владата да донесе одлука да се снабдуваат со струја по тарифа за домаќинства за да можат да ја пребродат кризата.

Коментари

коментар(и)