Аикидо семинар по повод 500 години Куманово

Аикидо Клубот „Агатсу” Куманово викендов организираше аикидо семинар, по повод програмата за одбележување на ноемвриските денови, односно пет века постоење на градот. Семинарот кој се одржа во средното училиште Перо Наков, како и претходните години го водеше јапонскиот учител Тоширо Суга, а покрај претставници на општината и сојузот на спортови, присуствуваше и амбасадорката на Јапонија, Кеико Хенада. Јапонскиот учител Тоширо Суга последниве години активно соработува со кумановскиот клуб. Изрази задоволство од досегашната успешна соработка.

-Куманово има одлични тренери за деца. Јас не сум видел толку добро учење со мали деца од 5-6 години. Многу е тежок процес во акидото да се работи со најмалите, каратето и џудото се лесни, бидејќи тие имаат натпреварувања, ние немаме, затоа е многу тешко, но тие учат многу добро, секогаш сум изненаден и среќен-истакна тој.

И од Акидо клубот Агатсу изразија задоволство од соработката со јапонскиот тренер, но и од заинтересираноста на најмалите па и возрасните за овој семинар.

-Имаме доста ученици и други присутни денеска на семинарот, над 70 луѓе. Тоширо Суга е квалитетен јапонски инструктор кој што ни ги пренесува своите знаења секоја година се повеќе и повеќе. Се надеваме дека таа соработка ќе продолжи и ќе успееме квалитетно да вежбаме во нашиот клуб-посочи Иван Скрчевски инструктор на Аикидо Клуб „Агатсу”.

Амбасадорката на Јапонија во државата, Кеико Хенада, посочи дека во Куманово доаѓа често, но прв пат за да присуствува на аикидо тренинг.

-Навистина ми е задоволство, зборував со јапонскиот тренер тој последните десет години, секоја година е овде доаѓа во Куманово ги учи децата, јас мислам дека оваа соработка во спортот, аикидото помеѓу Јапонија и Куманово е многу добра-посочи таа.

Новиот претседател на општинскиот Сојуз на спортови, Филип Колевски, се надева дека и во иднина ќе се организира овој семинар.

-Благодарност до амбасадорката што не удостои со своето присуство, големо браво за организаторите Аикидо клубот од Куманово, што го прават овој семинар веќе традиционален, со врвен мајстор, тоа е доказ на квалитет, како и овие деца што се дојдени и возрасни и нека продолжи оваа традицијата, мило ми е што гледам ваква позитивна енергија и спортисти што се желни за унапредување на своите знаења-нагласи Колевски.

Аикидо е јапонска боречка вештина, која претставува современ метод за физички и ментален развој, стекнување и подобрување на физичка кондиција, рекреација и ефикасен вид на самоодбрана.

Коментари

коментар(и)