Актерите со „Секс и лаги“ гостуваат во Струмица

НУЦК „Трајко Прокопиев“-Театар Куманово ќе гостува во Народен Театар „Антон Панов“-Струмица, на 03-ти март со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20.00 часот. Оваа комедија е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот,вистината и лагата во која конфликтот на интереси произнесува чувства,реакции и односи кои ги прават ситуациите комични.

Поради голема гледаност и заинтересиреаност на публиката оваа ќе биде деветта реприза на претставата,која премиерно беше изведена на Фестивалот „Денови на комедија“-2022 година. Одлична актерска екипа во чиј состав е Марко Трајковиќ, Анастасија Величковиќ, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски. Претставата има гостувано во Штип, Кавадраци, Гевгелија, Крива Паланка на Фестивалот „Јоаким Осоговски“ и Неготино. Ја доби наградата за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“-2022година.

Коментари

коментар(и)