Активни 11.727 ковид случаи во земјава

Активни се 11.727 ковид случаи во државава од кои најголем број 7.081 се во Скопје. Според последните објавени податоци од Институтот за јавно здравје при направени 3.996 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи со ковид-19, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупно 1.348 нови случаи регистрирани се 196 реинфекции.

Продолжуваат апелите на надлежните дека вакцинацијата останува најдобра заштита од ковид-19, особено од хоспитализација и смрт.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 284 875, бројот на оздравени пациенти е 264 443, а на починати 8 705.

Во Куманово бројката на активни се искачи на 496, а од почетокот на пандемијата вирусот го прележале 15.624 лица.

 

Коментари

коментар(и)