Активности во рамките на Еразмус проект на училиштето – домаќин „Толи Зордумис“

-Еразмус проектот продолжи вчера во Музејот Куманово со работилницата „Ткаење” на мали разбои, кои ние самите ги изработивме. Потоа со гостите заминавме во Скопје, каде што со туристички водич ги посетивме сите знаменитости. Третиот ден од проектот почна со работилница: „Сликање на ацетатна хартија” како воведна активност пред посетата на локалитетот Кокино. На Кокино се одржа работилница „Боење камења”, информираа локалните координатори од ООУ „Толи Зордумис“, училиште -домаќин на Еразмус проектот за обезбедување интеграција на ученици со различни посебни потреби во мешани училници.

Промоција на традиционалните вредности, танцот, ората, народните носии, работилници за рачно ткаење се само дел од активностите кои што се реализираат во рамките на проектот.

Претставници на училишта и невладина организација од Турција, Романија и Австрија се во еднонеделна посета на основното училиште „Толи Зордумис“ во рамки на Еразмус проект за обезбедување интеграција на ученици со различни посебни потреби во мешани училници.

Коментари

коментар(и)