Акцијата „Здравје за сите“ во село Градиште

Жители на кумановското село Градиште денеска имаа можност бесплатно превентивно да се прегледаат во рамки на акцијата „Здравје за сите“ која денеска ја спроведе екипата на Здравствен дом во селото. Жителите на ова село случајно или веќе информирани за бесплатните прегледи утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување. Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта на отворен простор ќе се организираат и во наредниот период, најавија екипите од Здравствен дом од каде потсетија дека вакви акции се организирале и во руралните средини во општините Липково и Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)