Албанка се обидела со туѓ пасош да премине на Табановце

Дваесет и четиригодишна државјанка на Албанија вчера била приведена на Граничниот премин Табановце, откако било утврдено дека се обидува да ја мине државната граница со патна исправа  на туѓо име, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил претрес над неа и багажот, при што не биле пронајдени нејзините оргинални документи, а по извршена дополнителна проверка било утврдено дека лицето поседува албанска лична карта со нејзиниот вистински идентитет, на име Н.С.(31 година) од Република Aлбанија.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)