Албански државјанин уапсен на ГП „Табановце“

Вчера попладнето бил уапсен албански државјанин на граничниот премин „Табановце“, затоа што прикажал лажен пасош, при што бил приведен.

Имено при пасошка контрола на C.M.(32 години) од Република Албанија било утврдено дека фотографијата во патната исправа којa ja приложил не се совпаѓа, односно дека станува збор за друго лице. По извршен преглед кај него била пронајдена и албанска лична карта на име C.M., но не бил пронајден документ со кој би се утврдил вистинскиот идентитет на лицето.

По извршениот разговор тој за себе дал податоци дека е Г.М.(28 години) од Република Албанија и влез во државата остварил на Граничниот премин Долно Блаце вчера во 15.30 часот со албанска патна исправа. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Коментари

коментар(и)