Александар Арсиќ во трката за нов претседател на СДСМ Куманово

Дипломираниот правник и магистар по правни науки, Александар Арсиќ е можен кандидат за назначување за нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, откако претходно Александар Тушевски поднесе оставка од функцијата.

Тој според сознанијата ја добил поддршката од највисокото партиско раководство. На изборна конференција ќе ја бара и од сопартијците.

Арсиќ претходно беше претседател и советник во Советот на Општина Куманово, член на извршниот одбор а сега и во централниот одбор на партијата. Вработен е во Номагас Скопје.

Од партијата дознаваме дека деновиве ќе излезат со официјално соопштение.

Коментари

коментар(и)