Александар Спирковски на меѓународна обука за спорт

Александар Спирковски од Куманово е еден од 12 -темина спортски работници  кои што како претствници на нашата држава ќе заминат на десетдневна обука во еден од престижните универзитети во Вирџинија, САД, како дел од проектот „Спортски лидери“ . Обуката е во реализација на невладината организација Такт , а под покровителство на американската амбасада во РМ. Џорџ Мејсон Јуниверзити првпат ја спроведува оваа обука насловена „Спорт дипломаси“ , на која Спирковски ќе има можност да го презентира својот спортски проект.

-Беа вклучени 25 спортски работници на ниво на нашата држава.  Имавме можност преку аплицирање по процес на селектирање да приложиме свој предлог проекти каде бевме селектирани и 12 од учесниците ќе заминеме на обука во САД. Од 06 до 17 ноемврив , 12 претставници спортски работници  од Македонија ќе ја претставуваме македонската  делегација која првпат заминува на една ваква обука во Америка на Џорџ Мејсон универзитет , изјави Александар Спирковски,

Ова за Сприковски е трето учество во меѓународна обука за спорт , по двете претходни одржани во Турција и Белгија.

-Поаѓајки од фактот дека во нашта општина рекреативниот спорт кај жените е повеќе развиен од професионалниот спорт јас во мојата замисла и во моето презентирање на мојот спортски проект го насочив тој факт и презентацијата ми беше насочена кон поголема вклученост на жени во спортот и децата со посебни потреби во нашата општина. Добро е што ваквите големи меѓународни организации ги препознаваат квалитетите на младите во нашата држава им даваат можност своите способности и можности да ги истакнат и да ги надградат и во другите држави, изјави Спирковски.

Во рамките на проектот „Спортски лидери“ , дипломираниот професор по физичко образование и магистер по кинезиологија, Александар Спирковски најавува работилница за вклученост на жените во спорт , во декември месец во Куманово.

Коментари

коментар(и)