ВИДЕО: Алтернатива: Треба да почне изградбата на училиштето „Сами Фрашери“

Советникот при Општина Куманово, од редовите на Алтернатива, Дритон Сулејмани на прес конфренција информираше за проектите кои во изминатиот период ги реализирале заедно со општината. Тој изрази задоволство од досега реализираното, нагласувајќи дека следува изградбата на објектот на гимназијата Сами Фрашери.

-Во однос на досегашната работа, можеме да кажеме дека се реализирани следниве проекти и работи: 1. Реконструкција на градскиот парк 2. Реконструкција на ул. Братство Единство 3. Реконструкција на дел од ул. Тоде Мендол 4. Реконструкција на ул. Жикица Јовановиќ Шпанац 5. Реконструкција на ул. Васил Антевски 6. Реконструкција на ул. Сава Ковачевиќ 7. Бекатонизација на дел од ул. Никола Вапцаров 8. Реконструкција на ул. Трајко Додевски Јовановски во Бедиње 9. Санирање на тротоар на ул. Братство Единство 10. Бекатонизација на три улици во населба Љопат 11. Изградба на водовод на ул. Јакуп Асипи кај бараките 12. Изградба на кружен тек во локалитетот Серава 13. Чистење на речното корито кај стадионот ФК Башкими 14. Воспоставување на нова линија за градски превоз за населба Бајрам Шабани како и додавање на три постојки во Диво Населе за линијата Романовце – Бедиње 15. Снабдување на гимназијата „Сами Фрашери“ со училишни столчиња и клупи 16. Реконструкција на подовите и влезот на ОУ Кирил и Методи во Романовце 17. Реконструкција на тоалетите на ОУ Конгреси и Манастирит во Љопат 18. Субвенционирање на бесплатен градски превоз за граѓаните на Општина Куманово 19. Значително зголемување на финансиската поддршка две години по ред за албанските клубови и за албанските културни активности 20. Реконструкција на ул. Ѓуро Ѓаковиќ кај локалитетот Серава 21. Реконструкција на паркингот кај локалитетот Серава 22. Почнале работите за реконструкција и проширување на ул. Зелен пазар. За оваа година планирани се реализацијата на следниве проекти и работи: 1. Санирање на тротоарите на ул. Братство Единство, дел од градскиот парк 2. Уредување на 2 игралишта со детски играчки, едното на ул. Карадачки Одреди кај бараките, другото во населба Черкез, дворот на училиштето „Јероним де Рада“ 3. Уредување на канализационата мрежа на ул. Киро Фетак 4. Додадени се средствата за продолжување на втората фаза за реконструкција на градскиот парк 5. Уредување на водоводната мрежа на ул. Јане Сандански 6. Уредување на водоводната мрежа во Бедиње 7. Уредување на дел од канализационата мрежа во населба Љопат 8. Реконструкција на ул. Благој Илиев Гуне и поставувањето на тротоарот 9. Додавање на лента од ул. 3 МУБ делови од зграда 1 Мај до семафорот кај Зелениот пазар 10. Реконструкција на дел од ул. Страшко Симонов 11. Реконструкција на ул. Христијан Тодоровски Карпош 12. Реконструкција на ул. Никола Вапцаров 13. Реконструкција на ул. Киро Антевски 14. Целосна реконструкција на плоштадот кај Домот на културата-истакна тој.

Дополни дека веста на денот без сомнение е поврзана со прашањето за објектот на Гимназијата и паралелките со наставата на албански јазик во стручно-техничкото училиште.

-Работите се движат во вистинска насока и привршува изработката на техничката и проектната документација. Членот на раководството на огранокот на Алтернатива Куманово и централното собрание на партијата, архитектот Скендер Османи, изминатите неколку дена го достави основниот проект како донација до Општина Куманово. По овој чин скратени се многу процедури кои би можеле да траат со години и оттука се очекува само и градежната дозвола и потоа може да почнат работите-нагласи тој.

Коментари

коментар(и)