„Подолг временски период во Куманово недостасуваат капитални инвестиции во делот на воспитно – образовниот процес“ , констатирале заедно на денешната средба во општината , градоначалникот Максим Димитриевски и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли . Димитриевски му се заблагодари на американскиот амбасадор за посетата , но истовремено, како што вели градоначалникот и за сето она што американските граѓани го прават за нашиот град во делот на имплементацијата на голем број на проекти претставени преку организациите кои што делуваат во РМ, а една од нив секако е и УСАИД.
-На овој денешен состанок разговаравме на повеќе теми, во делот на плановите како Куманово планира да се шири, да ја развива економијата, да ја развива постоечката инфраструктура , се задржавме и во делот на разговорите за развојот на инфраструктурата во делот на образованието и заедно констатиравме дека подолг временски период недостасуваат во градот капитални инвестиции за развој на воспитно- образовниот процес. Куманово е пријател на американската амбасада и на граѓаните на САД , голем број на наши сограѓани поминале и работеле за американски компании и тоа е од особено значење бидејќи ние чувствуваме и директен финансиски бенефит како град, како граѓани, како заедници од тоа што работиме директно за американските компании, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово
Бејли денеска е во прва официјална посета на Општина Куманово откако Димитриевски стапи на функција.
-Тука сум затоа што САД има широка и длабока соработка со Куманово. Куманово е важен затоа што допринесува до диверизитетот на Македонија преку различните заедници и религии, индустрии, двата коридори, не само во земјата туку и на европскиот континент, така да има долга историја и горди сме што сега работиме на едукација и помош на одредени училишта со реконструкција, помош во развој на цивилното општество, младинскиот активизам, работа со лицата со пречки во развој, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Република Македонија.
Бејли денеска ќе се сретне и со пратеници од Куманово, но и со локални стопанственици кои што започнуваат мали бизниси , за кои , како што рече се надева дека ќе ги изградат своите бизниси, не само за македонскиот пазар, туку и за регионалниот и европскиот пазар.