„Англунипе“ подели пакетчиња на деца Роми

Хуманитарното ромско здружение „Англунипе“ денеска по десети пат подели пакетчиња на деца од ромска националност. Пакетчиња добија 90 деца кои го изучуваат предметот по ромски јазик и култура и деца од социјално загрозени семејства.

-Апелирам до сите инситцуии пред се локалната самоуправа која секога година одвојува од буџетот за културата на Ромите да акцентира за овој ден да има повеќе, знаете колку деца имаме јас го замислував на поинаков начин да биде на отворено со музика, Дедо мраз повеќе од културен аспект поголема програма да организираме песни настапи кој било аспект тоа да се издвои во буџетот за ромската кутлура самите гледате дека овие деца се социјално загорезени, да се израдуваат на овој скромен начин-посочи Мерџан Демирали, претседател на хуманитарно здружение „Англунипе“.

Тој се заблагодари на неколку приватни компании, Социјалдемократскиот сојуз, јавното претпријатие Чистота и Зеленило, што помогнале да се реализира денешната донација.

 

Коментари

коментар(и)