(ВИДЕО) Апел за помош од Ивица Петровиќ од Четирце

51 -годишниот кумановец Ивица Петровиќ за само неколку минути остана без својата штала, петнаесетина грла добиток, детелина, пченица, без пари во пожарот што пред две недели го зафати селото Четирце. Иако месното население и екипите на територијалната противпожарна едница на секој начин се обидуваа да го изгаснат пожарот, сепак немаше спас. За миг изгоре се, вели Петровиќ, повеќегодишната мака беше проголтана од високите пламени јазици потпомогнати од ветер. Според него, материјалната штета е огромна, но проценка се уште не е направена, надевајќи се дека комисија што поскоро ќе излезе на терен за да може да очекува барем некаква отштета.

-Беше зафатена шталата со крави, телиња, три свињи и една со 14 прасиња,  детелина -прва класа, уште еден објект од 30 квадратни метри, 10 тони жито , пченица, изгоре и струјата, сега нема ништо. Во просек едните крави даваа од 25 до 30 килограми, а другите до 35 литри млеко. Само кравите вредат над 10 илјади евра, дополнително житото околу две илјади евра… Неколку дена после пожарот беа ангажирани багер и камион од општина Куманово за изнесување и депонирање нас угинатите грла добиток на депонија. Во шталата имав вложено околу 30 илјади евра, ја градев шталата пред 17 -18 години, сега се е изгорено, изјави Ивица Петровиќ, жител на с.Четирце

Прехранбени продукти, градежен материјал и финансиски средства е она што во моментов е најпотребно за семејството Петровиќ. Досега пакет со храна и хигиенски средства добиле само од општинската органзиација на Црвен крст Куманово.

Ивица верува во хуманоста на граѓаните и се заблагодарува на секој кој сака и може да помогне. Хуманите граѓани може да донираат и на жиро сметка, која ќе биде објавена на крајот од прилогот.

-Немаме помош од никого, пари нема, нема ништо, ако може некој хуман човек да донира пари, храна или градежен материјал да можат да изградам барем нова штала. Ќе видиме дали државата ќе не обештети, сега најбитно е да се обезбеди храна за семејството, изјави изјави Ивица Петровиќ,  с. Четирце

Освен шталата и добитокот на семејството Петровиќ, во пожарот изгоре и куќа на друго семејство во Четирце.

Граѓаните кои што сакаат да помогнат можат да донираат на следнава жиро сметка:

Петровиќ Зорка,  ж-сметка 200003410519119

Стопанска банка,

или да го контактираат Ивица Петровиќ,  078/ 858- 349.

 

Коментари

коментар(и)