Арсиќ: Збунувачко и нелогично е толкувањето на инспекторатот

Збунувачки се толкувањата на Инспекторатот за локална самоуправа околу мандатите на градоначалниците и советниците, како и поништување на сите одлуки на советите кои се донесени по 24-ти март, оцени актуелниот претседател на Советот на општина Куманово и член на управниот одбор на ЗЕЛС, Александар Арсиќ. Тој објасни дека на 17-ти март токму од Министерството за локална самоуправа под чии ингеренции е инспекторатот, добиле мислење дека постојните членови на советите на општините и градоначаниците може да ги извршуваат своите законски утврдени надлежности до завршување на рокот определен од членот 16 од изборниот законик, односно до крајот на првата половина на мај.

-Ние сме го почитувале ова соопштение кое ни беше доставено како совет и на основа на тоа советот после 24-ти март имаше одржано 3 редовни и една вонредна седница меѓутоа сакам да кажам и за она што значи правно толкување кое денеска сите ќе го слушнеме од овој инспекторат кој наведе неколку работи би сакал да ги цитирам дека мандатот на советниците е со мандат од 4 години и тој се однесува за последните локални избори со истечен мандат 24- ти март 2017 година. Морам да кажам дека ние како советници ги имаме добиено од државната комисија нашите уверенија на 16-ти април а првата седница се одржа на 30-ти април 2013 година. Што значи четирите години истекуваат тогаш, инаку за мандатите на градоначалниците се вели дека се регулирани под член на закон за локална самоуправа и таму јасно стои дека мандатот трае до завршување на тековната година што значи до 31. 12 што значи дека ова е погрешно толкување на овој инспекторат-нагласи Арсиќ.

Тој посочи дека ќе ги следат насоките од Министерството за локална самоуправа но нагласи дека пред два месеци добиле едни насоки од истото за да сега излезе со други насоки инспекторатот кој е под ингеренции на ова министерството.

-Советот се бира еднаш, значи ако било на 24-ти март немаме два круга меѓутоа градоначалниците може да имаат и два и три круга, што значи дека секогаш мора да бидат изборите заедно со изборите кога се со советниците бидејќи членот кој вели во изборниот законик бидејќи членот кој вели чл 16 изборите за членови на совет се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини во првата половина во мај, што значи дека не можеме да толкуваме дека можеме да имаме едни мандати до тогаш, а на градоначалниците до крајот на годината бидејќи никако така не пишува-нагласи тој.

Додаде дека збунува и информацијата на инспекторатот дека по истекот на мандатот градоначлниците извршуваат техничка функција, што се коси со тврдењето дека општините не смеат да прекинат да функционираат.  Арсиќ се надева дека што поскоро ќе се најде решение за излез од оваа криза, односно ќе распишат локалните избори, а пратениците ќе ги изгласаат измените на законот со кои ќе се продолжи мандатот на градоначаниците и советниците, за да општините продолжат нормално да функционираат.

Коментари

коментар(и)