Асфалтирана улицата „172“ во Карпош

Општина Куманово ја асфалтираше улицата „172“ во населбата Карпош. Деновиве ќе се работи на уредување на тротоарите и поставување на улично осветлување, информираат надлежните. Оваа улица која што неколку децении претставуваше сериозен проблем за жителите од населбата конечно е изградена по соодветни стандарди. Улицата „172“ е само една од триесетте улици кои што беа асфалтирани и реконструирани изминатата година, велат надлежните,  истакнувајќи дека и во наредниот период ќе се продолжи со исто темпо, асфалтирање,уредување на тротоари, поставување бекатон плочи , улично осветлување и слично

Коментари

коментар(и)