Атлетичарите се подготвуваат за новата сезона

Атлетичарите при Атлетски клуб Куманово активно се подготвуваат за следната сезона која треба да започне од март. Во недостиг на атлетска сала, тренинзите и натпреварите изминатиот период ги извршуваа во соседството, односно во Белград и Софија. Тренерот Филип Колевски истакна дека и месецов ќе продолжат со тренинзи на затворено, за да уште сега влезат во добра форма, за кога ќе почнат натпреварите на отворено да постигнат подобри резултати.

-Условите беа супер за подоготовки, овој период кога сме тука работиме повеќе импровизација, теретана и тренинзи во сала. Не е соодветно како за техника но едноставно мора така додека да се направи атлетска сала да се снаоѓаме за главниот период за отворено веќе да сме во некоја добра форма, подготвени  да оствариме добри резултати, зошто иако сезоната во сала во атлетика е помалку медиумски експонирана и позната и трае пократно два три месеци е многу важна во светот е доста популарна има европско, светско првенство во сала и речиси сите европски држави имаат натпревари во сала, државни првенства, митинзи, кај нас тој сегмент целосно изостанува и за да се пополни таа празнина да се одржи оној адреналин, натпреварувачка форма ние патуваме надвор-нагласи тој.

Атлетичарките Матеја  Ефремовска и Марија Дувлис посочија дека подготовките минале на највисоко ниво, па затоа се надеваат на одлични резултати оваа сезона.

-Веќе година и пол не сум во Македонија, студирам и тренирам во Кина, редовно тренирам не пропуштам тренинзи и се спремам за натпреварите но немам среќа да сум тука кога е сезоната на натпревари. Минатата година само учествував на европскиот куп каде што го подобрив својот личен резултат во трискок. Се надевам дека сега ќе имам шанса да настапувам на уште некој натпревар-нагласи Ефремовска.

-Тренирам во атлетскиот клуб од 2008 година. Сега ми е цел да настапам во младинска и сениорска репрезентација на 100 метри пречки за таа цел да ја остварам бев на подоготовка во Белград каде што тренирав и се трудев да ја подобрам мојата техника и брзина во трчање пречки. Таму имав два натпревари потоа и во Софија, сите овие натпревари беа за да ја одржам и подобрам формата за подобри резултати-дополни Дувлис.

Инаку Атлетски клуб Куманово врши и упис за деца на возраст од 6 до 11 години. Сите заинтересирани можат да се пријават во спортската сала на основното училиште „Крсте Мисирков“.

Коментари

коментар(и)