Аџиите ќе одат на аџилак само со авион

Годинава македонските аџии во Саудиска Арабија ќе патуваат само со авион. Ова е одлучено на состанокот на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, како и припадници на Исламската верска заедница и туристичките агенции. Тие ги следат препораките на Светската здравствена организација за тоа што треба да преземат патниците пред да се упатат на аџилак. Имено верниците пред да заминат заедолжително одат на превентивни прегледи во Центрите за јавно здравје. Десет дена пред аџилакот треба да ја примат четиривалентната вакцина за заштита од менингит.

-Центарот за јавно здравје оваа година има набавено 200 дози на вакцина и ние ги очекуваме патниците кои треба да заминат од 24 ти до 26 ти август но оваа година исклучително по авионски пат.  Од страна на самите организатори предвидено е да патуваат само авионски со цел да се избегнат оние непредвидливи ситуации односно да не се загрозат овие патници пред се она што значи нивна безбедност таму и она враќање односно влез на некои заразни болести во нашата држава-посочи Јадранка Стаменковска, од Центарот за јавно здравје.

Епидемиолозите информираат дека во присуство на лекар ќе се изврши здравствен преглед, и ќе се дадат препораките во однос на превенција од заразни болести. По враќање во земјата ќе бидат под петдневен засилен епидемиолошки надзор, при што ќе се следи нивната здравствена состојба.

 

Коментари

коментар(и)