Бесплатен превоз за студенти и пензионери, вети Димитриевски

Бесплатен јавен градски превоз за студентите, но и пензионерите на ниво на општина Куманово, вети кандидатот за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриeвски.

Тој посочи дека ќе се дадат и поголеми можности на младите преку отворање на младински центри, но и отворање на Tech-Center за млади на локација градски базен во Куманово, кадешто кровот на градскиот базен кој веќе е покриен ќе се формира Клуб за млади, каде ќе може да ги извршуваат своите активности.

Димитриевски потенцираше дека во моментов се работи на реконструкција на спортската сала, кој се финансира со средства обезбедени од страна на северо-историчниот плански регион. Овие средства и следуваат на општината согласно Законот за рамномерен регионален развој.

 

Коментари

коментар(и)