Бесплатно мерење на шеќер во крвта

Здружението на дијабетичари Куманово во петок со почеток во 12 часот, во клубот на пензионери во населбата Гоце Делчев, ќе спроведе акција за мерење на нивото на шеќер во крвта.  Претседателот на здружението, Стефан Јовановски ги повика жителите на Зелен рид, Јане Сандански и Проевце да се приклучат во акцијата.

-Aко не се навремено открие дијабетот и не почне правилно да се третира, не со лекови, туку со редовен живот, рекреативно физичка активност, пазење на исхрана, кога ќе премине состојбата на организмот во болест, а кога преминува во болест првин удира во очите, циркулацијата-нагласи тој.

Јовановски додаде дека за разлика од претходно кога бројот на новооткриени дијабетичари бил околу 3 проценти, сега се искачил на 10.

-Дијабетот има два вида тип  1 и тип 2, ова е наследно што се добива на поголема возраст а тип 1 оној уште од раѓање. Во Макеоднија има некаде околу  370 заболени од тип 1, во последниве три рурални средини што меревме, можам да кажам дека Опае, Лопате и Черкезе во основни училишта откривме три дечиња со тип 1-нагласи тој.

Од Здружението потенцираа дека навремено откривање е клучно при третирање на дијабетот, како болест.

Коментари

коментар(и)