Библиотеката организираше работилница за ученици

Во градската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска се одржа едукативна драмска работилница насловена „Ликови од митологија“. На работилницата учествуваа ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Кочо Рацин“.  Директорката на библиотеката, Христина Алексовска информираше дека настанот е дел од годишната програма.

-На оваа манифестација, односно овој проект што денеска го организираме со околу 30-ина ученици од „Браќа Миладиновци“ и „Кочо Рацин“, заедно со нивните професори по нивниот предмет денеска ќе имаме интересна средба така што мислам дека се ќе оди како што треба популаризација на книгата, драматизација, читање на познати митови, да се запознаат учениците со митови за Сизиф, значењето на Баба Марта, една многу интересна приказна за учениците, така што мислам дека пред се оваа работилница ќе има едукативен карактер-нагласи таа.

Наставничката по класична култура во европската цивилизација во основното училиште „Кочо Рацин“, Марина Крстиќ, посочи дека професорите се пред голем предизвик преку истражувања, проекти, да ги анимираат учениците повеќе да читаат книги.

-Децата денеска сосема малку време посветуваат на книгите и како ние да ги вратиме нив во библиотеките и така со една бура од идеи дојдовме до еден ваков настан, да има отворен час, малку глума, каде што ќе им посочиме кои се важните делови од митологијата и од предметот класична култура во европската цивилизација-нагласи таа.

На работилницата учествуваа ученици од шесто одделение.

Коментари

коментар(и)