Благодарница од акцијашите до советниците на општината

Здружението на граѓани Кумановски акцијаши денес додели благодарница на Советот на Општина Куманово за особен придонес во акциите на здружението во текот на изминатата година, како и несебичната поддршка на советниците за реализирање на голем број волонтерски акции.

Како што истакна првиот човек на здружението, Јусуф Љатифи и првата акција уште во 2014 година е спроведена во соработка со Советот кои директно зедоа учество во самата акција, а соработката со највисокиот орган во градот продолжи и во текот периодот кој следуваше.

(06:00) Првата новина ќе биде започнување на конкурирањето на сите физички и парвни лица за плакета волонтер. По повод 5 декември Светскиот ден на волонтери посебен орган ќе врши избор на најдобри волонтери од категорија на физички и правни лица. Тука плакетата волонтери ан годината ќе се доделува на институциите како што се локална самоуправа, невладини здруженија, претпријатија, школи во четири групи. Покрај тоа имаме голема еколошка акција која ќе трае некаде 2 месеца а почнува во април месец, Куманово 2017 година, каде покрај волонтери од Кумановски акцијаши ќе учествуваат и сите волонтери од Сојузот на волонтери на Република Македонија, Сојуз на извидници и Младински совет – рече Љатифи.

Според претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ дејствувањето на оваа здружение се покажа и со доделувањето на Ноемвриската награда за нивните постигнати резултати во областа на волонтерските акции.

Граѓанските здруженија, како што е и оваа ваше здружение, невладините организации, претставуваат една клучна алка во соработката помеѓу советот и невладините организации се со цел да имаме едно подобро живеење, да имаме повеќе иницијативи за да можеме да ги испочитуваме потребите на граѓаните кои се присутни сега во Општина Куманово. Моја лична заложба ќе биде да даваме свој допринос, да учествуваме во овие акции – рече Арсиќ.

Оваа година во здружението ќе функционира и волонтерскиот сервис кој ќе врши средби со бизнис заедницата со цел на истите да им ги презентираат предностите на волонтеризмот, проект кој ќе го носи името Ќе ти помогнам – ќе ми помогнеш“.

Коментари

коментар(и)