Благ пораст на заболени и хоспитализирани во Куманово

На подрачјето на Општина Куманово се бележи благ пораст на заболени и хоспитализирани лица од Ковид 19, но официјално нема информација дека меѓу новите случаи е регистриран британскиот сој на вирусот.

– Денешниот биланс е 50 хоспитализирани лица во двата ковид центри. За разлика од пред неколку недели кога имавме видно намалување на заболени лица, сега имаме благ пораст на заболени од Ковид 19.- изјави директорката на општата болница Снежана Захариева. Опуштање меѓу граѓаните не треба да има, рече Захариева, и додаде дека максималното почитување на мерките за заштита треба да продолжи затоа што пациентите со посериозна клиничка слика повторно се на метата на овој вирус. Не се исклучува можноста и од заболување со новиот британски сој.

Коментари

коментар(и)