Кошаркарите на Куманово го совладаа составот на Блокотехна во рамките на 9. коло од Суперлигата. Со резултат 89:83 двата клуба прикажаа вистинско кошаркарско шоу за љубителите на овој спорт.
Куманово имаше одличен старт, во првата четвртина успеа да постигне 31 поен за разлика од 20 поени кои ги впиша гостинската екипа од Гевгелија.
Сепак Блокотехна не остави работите да течат така едноставно за домашниот состав. Се вратија во форма па ја добија втората четвртина со два поени повеќе. На полувреме Куманово замина со водство од 51:42 што влеа надеж кај публиката дека натпреварот веќе е решен.
Но, тука беше составот од југот да не убеди во спротивното, дека повторно нема предавање. И покрај желбата и трудот, сепак кумановци одржаа предност од 14 поени со која влегоа и во последните десет минути од натпреварот. Перфектна беше последната четвртина за гостинската екипа која уфрли 21 наспроти 13 поени на Куманово, но сепак не доволно за победа.
Желбата за победа кај составот на тренерот Александар Петровиќ беше повеќе од очигледна и покрај лошата ситуација во која се наоѓа клубот. Така можат да се пофалат дека се единствениот тим во македонската кошарка кои на последните натпревари ги имаат совладно првите три екипи од табелата.
Најефикасни во составот на Куманово беа Марјан Јанески со 24 поени, а веднаш зад него и Мирко Ковач со 17. Во составот на поразените со 16 најдобар беше Тејлор Боуен.
Натпреварите што останаа со Блокотехна и Гостивар резултатски не значат ништо за нас, но ќе дадеме максимум, вети Бобан Стајиќ.
– Овие натпревари со Блокотехна и Гостивар резултатски веќе ништо не значат, но секако дека ние, поготово на домашен терен ќе го дадеме својот максимум и посакуваме победа на секој натпревар. Блокотехна е моментално третопласирана на табелата што значи дека се работи за екипа со висок квалитет, но како и досега ја потврдивме нашата доминација на домашен терен, освен Охрид немаме пораз на домашен терен во Суперлигата и сакавме да остане и во последниот натпревар во Суперлигата, изјави Стајиќ.
Во сабота се игра 10. коло од Суперлигата против составот на Гостивар по што ќе стартуваат натпреварите во Суперлигата, каде во полуфиналето до три победи Куманово ќе ги одмерува силите со Работнички.
– Ќе играме со Работнички, знаеме за каков противник се работи, но и знаеме дека не се непобедливи, еднаш загубија во оваа сала така да не се предаваме ќе одиме на победа на секој натпревар, иако на последниот изгубивме убедливо, но тоа и не беше од големо значење за нас. Продолжуваме понатака и нема да се предадеме во полуфиналето, додаде Стајиќ.
Триумфот над Блокохна е 20. Победа за составот на Куманово кој ги финализира своите настапи.