Бобан Николовски поднесе оставка од функцијата советник

Советниците на денешната седница ја изгласаа предлог-одлуката за констатирање престанок на мандатот на советникот Бобан Николовски од  ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски поднесе оставка од функцијата советник поради судир на интереси, откако е назначен за в.д. директор на ЈП „Куманово план“.

Нов советник во Советот на Општина Куманово веројатно ќе биде Мирослав Тричковиќ од ДПСМ кој е следен на листата на советници, инаку коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментар(и)