Бројни награди за двата кик бокс клубови

Одлични резултати, бројни златни, сребрени и бронзени медали донесоа кик-боксерите на кик бокс клубовите „Куманово 2006“ и „Предатор“ од Државното кик-бокс првенство што викендов се одржа во Скопје. Со златен медел се закити Лука Велковски од клубот „Куманово 2006“, во сениорска конкуренција дисциплина лоу кик во категорија до +81 килограм, додека со сребро заврши Јован Димовски во категорија до 84 килограми. Свој настап имаа и кадетите Јосиф Илиевски и Мако Велковски.

– Сите натпреварувачи прикажаа добри борби и достојно го претставија градот и клубот. Јас како тренер сум задоволен од настапите и резултатите од сите за нивната мотивираност и храброст. Ќе продолжиме со тренинзите, нѐ очекуваат многу натпреварувања оваа година на домашен и меѓународен план и се надеваме на добри резултати, изјави тренерот на КБК „Куманово 2006“ Сашо Илиевски.

Повеќе учесници од кик-бокс клубот „Предатор“ донесоа и неколку медали во градот. Со злато се закити Симона Денковиќ во јуонирска категорија до 70 килограми. Сребро во јуниорска конкуренција во категорија -63 килограми освои Предраг Николовски, а Луна Димитриевска во категоријата до -65 килограми. Со сребрен медал се врати и Леон Трифуновски кој се натпреваруваше како постар кадет во категоријата -52 килограми. Како постар кадет Адриано Вучевски освои бронзен медал во категоријата -63 килограми, Ангел Димковски како помлад кадет со бронза се закини Ангел Димковски во категоријата -37 килограми, додека Давид Илиевски освои бронза во јуниорска конкуренција во категоријата -69 килограми. Без медал, но со одличен настап беа и Блашко Денковиќ и Вељко Стошевски. Како што појаснуваат од клубот освен за Предраг Николовски кој се врати со сребро, на сите останати ова им е прво учество на Државното првенство. Инаку Државното кик бокс првенство се одржа во организација на кик-бокс федерацијата на Македонија, а учествуваа над 400 натпреварувачи од целата држава.

Коментари

коментар(и)