„Бубрежни заболувања и хемодијализа“ – работилница на Диаверум Куманово и медицинската струка

За Центарот за дијализа Диаверум Куманово месец март е посветен на давање придонес и одбележување на Светскиот ден на бубрегот 2023 со промовирање на овогодинешното мото „Здравје на бубрезите за сите“ и „Подготовка за неочекуваното,подршка на ранливите“. Од низата активности на таа тема, минатата недела во просториите на Општа болница Куманово заедно со учениците од медицинска струка се одржа уште една работилница. Бубрежни заболувања и хемодијализа е тема на презентациите подготвени на македонски и албански јазик заедно со учениците од медицинската струка и нивните ментори. Од страна на ученичката Теодора Велковска беше презентиран нејзиниот награден труд на Државен натпревар на тема- Хемодијализа, а од страна на стручниот тим на Диаверум беше презентиран целиот процес на дијализа и материјалот потребен да се изведе процесот. Со вакви и слични активности на Диаверум, бубрежните заболувања не се повеќе маргинализирана тема . Идните здравствени работници на ваков начин се мотивираат да земат активно учество во подигање на свеста на населението за бубрежните заболувања, но и превенција за зачувување на здравјето, информира менаџерот на Диаверум Куманово, Фросина Ефремовска.

Коментари

коментар(и)