Велешанец крадел во угостителски и деловни објекти

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода дваесетгодишник од Велес, поради постоење основи на сомнение дека во тек на декември извршил осум кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети, информира полицијата. Тој ги признал извршените кривични дела и бил задржан  во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)