Велигден – петок и понеделник неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 14 април  – петок, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

На 17 април  – понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Коментари

коментар(и)