Верниците го празнуваат свети Јован Крстител

Православните верници денеска го празнуваат Соборот на свети Јован Крстител. Рано утрово голем број кумановци ги носеа во црква своите славски колачи, свештените лица ги пресекуваа и посипуваа со црвено вино за здравје, среќа и мир во семејството.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

А, освен како домашна слава, на овој ден  именден прославуваат Јовановци.

– После Богојавление следува празникот Свети Јован или Соборот на Свети Јован  кој што е тесно поврзан со крштевањето на Исус Христос  на реката Јордан и овој светец е заштитник на кумството и побратимството , нормално голем дел од семејствата во куманово и во околината го имаа земено за крсна слава, оние кои што го носат името Јован ,Јована, Јордан, слават свој именден, воедно сакам да изразам една честитка да им ја честитам славата на сите оние кои што го празнуваат Свети Јован и воедно именденот на сите оние кои што го слават, изјави Анита Ѓорѓиовска, виш кустос , етнолог во НУ Музеј Куманово

Овој ден  уште се нарекува и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото, според народното верување,  на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бакнува рака и ги собира подароците, најчесто пари.

Коментари

коментар(и)