Ветераните го одбележаа Денот на полицијата

Здружението на армиски и полициски ветерани денеска го одбележа 7-ми мај, Денот на македонската полиција. По тој повод членови на здружението положија свежо цвеќе пред фотографија на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година. Фотографијата беше поставена во близина на споменикот Жена борец, од каде што тие уште еднаш упатија апел дека хероите кои што ги дадоа животите за одбрана на државата,  заслужуваат да имаат спомен обележје.

-Oва е единствен град во Република Македoнија каде нема споменик на бранители. На овој начин со поставување на слика од паднатите бранители од 2001 година, се обидовме да ја запознаеме јавноста на Куманово  дека овие деца во 2001 година ги дадоа своите животи за одбрана на Република Макеоднија. Надлежните веќе знаат и имаме информација дека преземаат мерки дека во идниот период градоначалникот и Советот на општина Куманово ќе изградат еден достоен споменик на паднатите борци-изјави Драган Стојмановски, претседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.

Од Здружението нагласија дека и во иднина ќе продолжат да ги одбележуваат ваквите значајни датуми.  Инаку, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција од 20 април 1993 година со одлука на Владата на Република Македонија.

Коментари

коментар(и)