ВИДЕО: Ветераните ја одбележаа годишнината од смртта на Тито

Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини денеска ја одбележаа годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

На градскиот плоштад пред спомен плочата на Тито, цвеќе положија и делегации предводени од градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот, Максим Димитриевски и Ивана Ѓорѓиевска, невладини организации, здруженија и граѓани- почитувачи на ликот и делото на Тито.

„Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело“, рече Димитриевски.

Коментари

коментар(и)