(ВИДЕО)Акциски контроли во областа на сообраќајот

Акциските контроли во областа на сообраќајот продолжија и деновиве. Од секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека изминатиов викенд биле изречени 66 мерки. Најголем број од граѓаните биле санкционирани за возење со брзина поголема од дозволената.

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Куманово изречени се вкупно 66 мерки меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 12 за прекршоци што ги прават пешаците и четири санкции за возачи кои не даваат првенство на пешаци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да допринесеме за побезбедни патишта, изјави портпаролот на кумановската полиција, рече Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Засилена акциска контрола во текот на вчерашниот ден МВР спроведе на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 145 надвор од населено место, информираат од министерството за внатрешни работи.

Коментари

коментар(и)