(ВИДЕО)Двочасовен протест на вработените во управата и правосудството

Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска го реализираше најавениот протест со двочасовен прекин на работата во министерствата, агенциите, фондовите, управите и судовите каде имаат синдикални организации.

Од 10 до 12 часот се протестираше и во Куманово пред Основниот суд, општината и подрачните единици на Фондот за ПИОМ и за здравствено осигурување.

Исплата на минимална плата веднаш за сите вработени и линеарно зголемување на сите останати плати во износ од 2.806 денари се барањата на вработените во администрацијата.

Ќе се протестира и утре повторно со двочасовен прекин на работата, а следните чекори Синдикатот на УПОЗ ќе ги преземе во консултација со сите вработени.

Коментари

коментар(и)