(ВИДЕО)Димитриевски: Образованието е столб на општеството

Подобрување на условите во сите општински училишта преку реконструкција на објектите, проширување на нови капацитети, изградба на ново средно училиште, изградба на модерно спортско игралиште за секој училишен објект и партерно уредување на дворовите, гасификација и вложување во енергетската ефикасност на училиштата, организиран превоз на учениците кон и од училиштето, одвоен од градскиот превоз се само дел од активностите предвидени во програмата на „За наше Куманово“ кои што треба да се реализираат наредниве години. Општина Куманово веќе реализираше или е во тек на реализација на голем број проекти за учениците и младите.

„Бидејќи образованието е столб на општеството, во 2022 година ќе продолжиме да работиме уште повеќе на ова поле, со зголемениот буџет за инвестиции во образованието кој изнесува 23.217.880 денари“, напиша неодамна на социјалните мрежи, градоначалникот Максим Димитриевски, потенцирајќи дека општината ќе продолжи да реализира проекти во училиштата во градското подрачје, но и во подрачните училишта. Токму, образованието беше и една од темите на разговор со евроамбасадорот Дејвид Гир на вчерашната средба во општина Куманово.

-Темата за образование е секогаш актуелна, разговаравме со амбасадорот за проблемите со образование од апсект на потрошувачка на електрична енергија и покачување на цените на енергенсите, кои се можностите на општината да ги намали ваквите големи и енормни трошоци кои во моментов ги има , бидејќи сме соочени како општини со сериозни финансиски проблеми, со недостиг на средства за плаќање на тие трошоци. Што се однесува до проблемот на „Сами Фрашери“ тој веќе се дикутира во рамки на советот на општината со претставниците во советот од албанската етничка заедница и на ресорната комисија каде што во следниот период сакаме да излеземе со конкретен предлог пред ресорното министерство еднаш засекоаш трајно да се реши овој проблем, а не само да се води политика со ова прашање пред и за време на избори, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

За учениците и младите општината планира да формира и средношколски младински центар во рамките на Младинскиот центар при општина Куманово, јавна соба- простор за млади лоциран на поткровјето на Затворениот градски базен, формирање на тело- центар за координирање и соработка на средните стручни училишта, бизнис секторот и Агенцијата за вработување, како и конципирање на систем за мотивација на талентираните ученици преку стипендирање за најдобрите ученици, поддршка и промоција на техничко-технолошки и иновативни решенија, проектирани од страна на учениците и поддршка на младите културни уметници.

Изминатите 4 години општина Куманово реализираше над 160 проекти за подобрување на условите во училиштата, еден од главните приоритети и во наредниот четиригодишен мандат на градоначалникот Димитриевски.

Коментари

коментар(и)