(ВИДЕО)Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски денеска одржа прес- конференција во индустриската зона Новини, Речица.

Тој, на прес конференцијата истакна дека Владата предводена од СДСМ инвестираше 20 милиони денари во изградба на пристапни патишта, водоводна и фекална и атмосферска канализација во индустриската зона.

„Се обврзувам како градоначалник на Куманово, да спроведам итна и целосна гасификација на сите домаќинства и иднустриски капацитети во Куманово, вклучувајќи ја и оваа индустриска зона.Гасот е поевтин енергенс и со тоа ќе придонесеме компаниите да бидат поконкурентни на пазарот. Оваа индустриска зона 10 години беше само на хартија, затоа што претходната Влада немаше слух за потребите и за развојот на општина Куманово.“- истакна Илиевски.

„Владата предводена од СДСМ инвестираше во Куманово како ниедна друга Влада досега. Во општина Куманово досега се реализирани само 2000 метра гасификација, наместо 250.000 метра. Ако се продолжи со ова темпо, општината ќе биде гасифицирана за 90 години.Тоа е недозволиво.“-  рече Илиевски.

Коментари

коментар(и)