(ВИДЕО)КК Куманово против ТФТ на гостински терен

Кошаркарите на Куманово вечерва, во 18 часот на гостински терен го играат натпреварот против ТФТ во рамките на 14-то коло од домашниот шампионат.

-Наш приоритет на управата на КК Куманово се младите и младинските кошаркари и се разбира нашите кумановци. Во контекст на тоа, ние даваме голем ветер и фитбек на сите наши млади кошаркари и гледаме да направиме наша база да, за жал, да не купуваме кошаркари од другите градови, туку да бидат наши лични кошаркари, да бидат наш расадник на играчи.

Оваа сезона нашата примарна цел е опстанок во лигава, со изменет ростер, се надеваме дека ќе влеземе во топ 6, но примарна цел се младите и младите категории бидејќи и самите знаете дека општина Куманово е со реконструкција на главната сала, примарна цел ќе биде основни услови на играчите, а следната година се надеваме дека ќе атакуваме и на титула.

Кошаркаркиот клуб Куманово во 2021 година покрена една акција преку која реконструиравме скоро 40 кошаркарски игралишта со кошаркарски табли, обрачи и баскети, за жал, голем дел од нив се искршени заради непознати причини. КК Куманово иста таква активност ќе покрене оваа година во месец март, кога временските услови ќе бидат подобри и се надеваме дека сите кошаркарски игралишта пак ќе ги смениме и ќе биде поголем жар за децата да играат, да спортуваат и да другаруваат, изјави Александар Крстевски, КК Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)