(ВИДЕО)Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ

На реконструираното спортско игралиште во Соколана денеска се одржа првиот Меморијален турнир во чест на кумановската ракометарка Јасмина Голубовиќ. Овој спортски настан е инициран од Здружението на ЖРК Куманово –активни ветеранки, а поддржан од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

На ревијалниот натпревар учествуваа ракометарки од повеќе генерации на ЖРК Куманово. Денеска беше испочитуван ликот и делото на Голубовиќ, која придонесе за развој на спортската дисциплина -ракомет во Куманово, како една од најзаслужните учеснички во големите победи, а спомените за неа остануваат да ги чуваат бројните љубители на ракометот.

Меморијалниот турнир се одигра во присуство на потесното семејство на Голубовиќ, кое што за денешниот настан допатува од Црна Гора. Пред присутните се обрати нејзината ќерка, Милица Ѓокѓуриќ.

 

Коментари

коментар(и)