(ВИДЕО) Михајловски: Куманово ќе добие спортски музеј и гасифицирана спортска сала

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати Куманово на мапата на спортот, Соколанската сала ќе ја претвориме во Спортски музеј на Куманово, а спортската сала која беше бисер на Балканот ќе ја реновираме и гасифицираме, рече на денешната прес-конференција Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.

-Куманово за жал, е избришано од спортската мапа и на Балканот и на Европа,  а и на светот. Куманово кое што некогаш носеше победи, спортови кои на Куманово му донесоа многу награди, многу ордени, денеска ги нема, тоа е боксот, тоа е борењето, тоа е ракометот, па тоа е и кошарката, па можеме да кажеме дека и фудбалот не е на некое завидно ниво. Време е победите да се вратат во Куманово. Ние имаме и план и програма како да го направиме спортот повторно нешто што му личи на Куманово и нешто што ќе му носи победи. За Соколанската сала планираме да ја направиме Спортски музеј на Куманово во кој ќе се овековечат од првата спортска победа во Куманово која е запишана до она што се случува денес и да остане и за иднина да се запишуваат сите спортски успеси на Куманово. Во таа сала ќе бидат ликови, ќе бидат артефакти, ќе бидат ставени работи кои што ќе се најдат  кои се сочувани и секако дека тоа ќе биде место каде што кумановци со гордост ќе можат да ја погледнат историјата на спортот во Куманово. Исто така Спортската сала која што беше и е во распаѓање, а беше бисер на Балканот и во неа се случуваа најголемите спортски настани, музички концерти и ред други работи, време е навистина да се реновира и не само да се реновира, туку и да се стопли оваа спортска сала што значи дека ќе ја гасифицираме и дека ќе ја направиме повторно бисер на Балканот и на Македонија дефинитивно со која што Куманово ќе се гордее, рече Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово

Ракометарот и член на ВМРО ДПМНЕ Борко Ристовски верува дека после изборите Куманово ќе има сосема нов спортски лик.

– Ќе се обидеме сите заедно да го вратиме Куманово на мапата на спортот затоа што е заборавен, скоро и да нема спорт во Куманово или ако го има тоа е на маргините на општеството така што мислам дека Куманово заслужува едно убаво спортско здание кое што Тони го вети, Куманово заслужува да кумановци се вратат во салите, во базените, едноставно градот да живее за спортот, рече Борко Ристовски, член на ВМРО-ДПМНЕ

Михајловски ги повика граѓаните в недела на голем сенароден митинг на плоштадот во Куманово, со почеток во 18 часот.

Коментари

коментар(и)