(ВИДЕО)Одбележана годишнина од НАТО агресијата на поранешна РС Југославија

Денеска се одбележува 23-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз територијата на тогашна СР Југославија, која од 2015-та година во Србија официјално се означува како „почеток на агресијата на НАТО“.

Операцијата на НАТО, наречена „Милосрден ангел“, следеше по неуспешните преговори за решавање на кризата во Косово, одржани во Рамбује и Париз во февруари и март 1999 година.

По повод 23 години од почетокот на НАТО агресијата на поранешната Сојузна Република Југославија, Српската заедница во Македонија и Демократската партија на Србите во Македонија денеска традиционално организираа помен во црквата Света Троица.

По едноминутно молчење во чест на загинатите цивили и војници во бомбардирањата, присутните запалија свеќи и порачаа дека злосторството никогаш нема да го заборават.

-Без одобрение на Обединетите нации нашата земја беше бомбардирана. Почна процес кој сега трае со Украина, ширење на насилниците, Западот и НАТО кои на слабите, помалите им ја наметна својата волја и зад ширењето на демократијата одиграа валкана игра која се уште има траги врз нас. Оној ураниум сигурно не е нештетен. Уништената инфраструктура не чинеше многу. Сите трауми кои нашите деца ги видоа се длабоко во нивните срца и душа. Не можеме да ја простиме Милица, родилиштето, болниците, стравот, некои од нас меѓу кои и јас влегувавме токму под бомби, носејќи хуманитарна помош. Други не се но на никого не му беше лесно. Понекогаш мислам дека ние што влегувваме го спасувавме својот мозок што бевме со своите, рече Гордана Стојковска, претседател на Српската заедница во Македонија

За време на 78 дена од воздушните напади, според податоците кои не се официјално усогласени, загинаа меѓу 1.300 и 3.500 лица, а повеќе од 12.000 беа повредени.

Според српското Министерство за одбрана, за време на воздушната агресија на Алијансата убиени се 2.500 цивили, вклучувајќи 89 деца и 1.031 припадник на војската и полицијата.

– Бомбардирани се  поголеми градови на Србија и Црна Гора Белград, Ниш, Нови Сад, Лесковац, Ужице, Подгорица, Сомбор, Суботица, Херцег Нови, Панчево. Бомбардирани се радио телевизиски преносители, воени објекти во целата земја. Во текот на бомбардирањето на СРЈ извршено е околу 1300 воздушни удари на 995 објекти во земјата. Во нападите без прекин траеа 78 денови тешко се оштетени инфраструктурата, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици, цркви и манастири. Иако беше инфериорна во споредба со НАТО, војската на Југославија даде одличен отпор на воздушните напади, рече Бојана Николиќ Велјановска, Српска заедница во Македонија

Воздушните напади завршија со потпишување на т.н. Кумановскиот договор, односно воено-технички договор склучен меѓу меѓународните безбедносни сили и КФОР  и владите на СР Југославија и на Р. Србија, ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 година, на воениот аеродром близу Куманово, по што следеше повлекување на воените и полициските сили од Косово, на чија територија беше основана цивилна мисија на Обединетите нации (УНМИК).

 

Коментари

коментар(и)